Дали Груевски купува време со втор Мајски договор?

Од:

По седницата на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, официјално не беа соопштени детали од дебата и ставовите, освен дека продолжуваат со принципиелната политика и дека со коалициската ДУИ ќе продолжат разговорите.

Порталот ОхридСкај , од партиски извори, објави информациите дека врвот на партијата пред патот во странство дал неколку точки по кои треба да се раководат членовите на ЦК. Тоа според порталот е, да се избегнува на најавената средба со Ахмети било каков договор, кога Груевски ќе замине во САД, пратеничката група да ја отвори комисиската расправа за Законот за бранители, но да не се затвора, по враќањето од САД, на Ахмети да му се соопшти дека е потребна медијација од странските амбасади .

Едно од решенијата за да се спаси ситуацијата е Законот за бранителите да се изгласа, но да почне да важи од средината на 2013. Според порталот, амандманите на ДУИ би биле тогаш вметнати, што значи и ОНА ќе влезе во Законот, а Груевски говорел за есенски парламентарни избори и локални на пролет.

Доколку Ахмети би се согласил со овие услови, Груевски ќе бара во септември распуштање на Парламентот. Присутните, наведува изворот на порталот биле убедени дека владина криза нема да има, а за тоа посебна гаранција имало од Муса Џафери и од скопското крило на интегративците.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на Трендафилов за Стојаноска се неосновани

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите