Дали доаѓа крајот за Тихомир Климовски како прв човек на полицискиот синдикат?

Од:

Врие во Македонскиот полициски синдикат. Извори од синдикатот за А1он откриваат дека вчера имало состанок на претседателството по што сериозно се ниша столицата на првиот човек Тихомир Климовски. Според информациите од синдикатот од 30 членови на претседателството, дури 27 гласале за отповикување на Климовски од првата позиција на полицискиот синдикат со обвинувања за финасиското работење од страна на Климовски.

Била донесена одлука да се одржи Конгрес на Македонскиот полициски синдикат на 14 ноември оваа година за избор на нов претседател, а главното барање е Тихомир Климовски да се повлече од функцијата и дека никако не може повеќе да ги застапува барањата на вработените во МВР.

Извори од Македонскиот полициски синдикат, посочуваат дека членови на претседателството побарале повлекување поради сомневање за сериозни финансиски пропусти кои треба да се проверат и за кои надлежните институции може да побараат одговорност.

Климовски сите години наназад беше обвинуван дека наместо да застане во одбрана на правата на полициските службеници, ги брани политиките на систематско уништување на професионализмот во МВР како и исполнување на интересите на партијата на власт.

Најмногу замерки беа упатувани за неговиот молк за партизацијата на МВР и неговото претворање во партиски штаб.

Пред два дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и и Македонскиот полициски синдикат потпишаа спогодба за дополнување и изменување на колективниот договор од 2015 година, со која правото на работниците со непрекинат престој во одредени издвоени објекти на МВР подолго од 24 часа од еден се зголемува на три слободни дена.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена