Двајца управители на фирми вршеле трансакции со лажни платежни картички

Од:

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против двајца управители на фирми во Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

Пријавените во декември 2016 година набавиле банкарски податоци од вистински платежни картички и подтоци за носители на тие платежни картички, при што така изготвените лажни платежни картички ги употребиле како вистински на продажни места во правни субјекти каде тие биле управители, велат од МВР.

Едниот од пријавените во правниот субјект каде е управител изготвил фактури во кои ја наведувал трговската стока и нивната цена, како и име и презиме на купувачот без дополнителни идентификациони податоци. На овој начин тој извршил 64 трансакции од кои девет успешни со вкупен износ од 894.200 денари. Исто така, пријавените во истиот период лажните платежни картички ги употребиле во правниот субјект каде едниот од нив е управител. На истиот начин тие извршиле 11 успешни нелегални трансакции во вкупен износ од 913.400 денари.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма