Дачиќ: Три хеликоптери на МВР ќе помогнат во гаснењето на пожарите кај Прохор Пчињски и во Македонија

Од:

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави синоќа дека со одобрение на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ, МВР денеска ќе испрати два хеликоптери на Хеликоптерската единица за да им пружи помош на припадниците на Секторот за вонредни состојби при гаснење на пожарот што се прошири од Северна Македонија во местото Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски.

-По одобрение на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ, Министерството за внатрешни работи утре ќе испрати два хеликоптери на Хеликоптерската единица за да им пружи помош на припадниците на Секторот за вонредни ситуации во гаснењето на пожарот што од Северна Македонија се прошири до областа Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски, изјави Дачиќ, се наведува во соопштението до медиумите на МВР.

Во него се додава дека поради ширење на пожарот во источниот дел на Северна Македонија, а врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата на Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи ќе испрати хеликоптер „Агуста Бел 212“ во земјава со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни состојби.

Во акцијата за гаснење на пожарите во Северна Македонија, по одобрение од нивните колеги учествуваат 10 пожарникари-спасувачи со три теренски возила, кои дејствуваат во атарот на селото Магленце со што спречуваат понатамошното ширење на пожарот кон територијата на Србија.

-Во гаснењето на пожарот на крајно непристапен терен во областа Козјак, ангажирани се 43 пожарникари-спасувачи со 14 возила од противпожарните единици на Врање, Белград, Ниш, Лесковац, Крушевац, Смедерево, Панчево, Јагодина и Крагуевац, изјави министерот Дачиќ, се наведува во соопштението на српското МВР.

Би можело да ве интересира

Гори ниска вегетација помеѓу селата Стровија и Долгаец во Општина Долнени

Се гасне пожарот во Општина Долнени: Гори ниска вегетација

Гори депонија и сува трева кај Колешино, под контрола е пожарот во „Јасен“

Нема активни пожари, еден е под контрола, а изгаснати се 17 пожари

Горан Наумовски

Активни се седум пожари, а изгаснати се четири

Aктивни се три пожари, во „Јасен“ и кај селата Церово и Беловодица