Дачиќ: Не требаше ја признаеме Македонија под уставното име, ние сме будали!

Од:

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ најави дека и покрај заложбата за конструктивна улога во регионот, Србија ќе гласа против интересите на соседните земји кои не ја поддржаа во нејзините интереси, пред се кои ја признаа независноста на Косово и неговото членство во УНЕСКО.

Во интервјуто за агенцијата Бета, тој кажа дека не се работи за освета туку за политика на реципроцитет.
-Никој нема да може да ја понижува Србија. Јас едвај чекам кога во меѓународните организации ќе се појави некоја важна работа за Македонија или за Црна Гора, па да видиме како ќе се поставиме, рече Дачиќ.

-Јас не велам дека ние сега нешто ќе преземеме против Црна Гора или Македонија, или Хрватска, Јас само кажувам за нашиот однос кон нивите барања кои ќе бидат на дневен ред, а тоа нема врска со нашите билатерелни односи. Станува збор за територијалниот интегритет. Замислете кога Србите во Црна Гора прогласат отцепување на територијата..Во што е разликата? Албанците процентуално се помалку во Србија отколку Србите во Црна Гора, рече тој.

Дачиќ кажа и дека Србија погрешила што ја признала Македонија под уставното име, зошто го признала Косово.

-Србија направи голема грешка. Цела Европа и светот го користат називот Бивша Југословенска Република Македонија, а ние на нашите браќа Грци им удривме шлаканица и сега очекуваме од Грците да не го признаваат Косово. Македонија ја признавме со тоа што ги навредивме Грците, а Македонците постојано гласаат за Косово. Јас морам да кажам дека сме будали, еве ќе употребам недипломатски израз, рече Дачиќ.

Тој кажа дека Белград во билатералните односи со Скопје ќе го употребува уставното име, но дека во други случаи ќе се користи името кое се употребува во ЕУ и во ОН-БЈРМ.

-Сега ќе кажете дека тоа е освета, не е освета. Тоа е одговорна државна политика. Ако некому не му се важни нашите цркви и манастири на Косово и Метохија, кои се запалени и уништени, и ако тоа не е доволно некој да не биде поддржан за влез во УНЕСКО; тогаш мора да го поставиме прашањето за суштината на нашите односи, рече Дачиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски