Дачиќ на средба со Мицкоски, разговарале за унапредување на односите

Од:

За време на еднодневната возвратнa посета на Македонија, вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ, денеска оствари средба и со премиерот Христијан Мицкоски, на која е разговарано за натамошно упнапредување на односите на двете земји.

– Посебна чест, за време на мојата еднодневна посета на Република Северна Македонија, ми оддаде премиерот Христијан Мицкоски, со кого на работен ручек разговарав за натамошното унапредување на нашите односи и зајакнувањето на соработка, за заедничка корист на српскиот и македонскиот народ, напиша Дачиќ на својот Инстаграм профил, постирајќи фотографии од средбата.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Куманово беше домаќин на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ каде разговараа за продлабочување на соработката, намалување на метежот на граничните премини, справување со миграцијата, заеднички патроли и меѓусебна поддршка.

Дачиќ имаше средба и со градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

ЗНМ и ССНМ реагираат: Попречувана новинарка на Телма при известување за инцидентот во Битола

ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски вети бесплатен, а не субвенциониран оброк за учениците од септември

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ако ме напуштиш, ќе завршиш како Росица“: Осум години насилство, страв и закани – потресно сведоштво на Ирена

Предраг Петровиќ

Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци