Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Од:

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) стапија во штрајк. Сите подрачни единици, како што беше најавено, денеска нема да извршуваат работни задачи, освен оние најитните.

– Револтот кај вработените е огромен. Штрајкуваат и оние кои се во други синдикати. Да останат оние плати што ги добивме со декемвриската. Не бараме ништо повеќе, ами само да ни останат платите во висина како што беа со декемвриската. Штрајкот нема да престане, дури и по цена да не земат плата, како што е сега случајот. Во моментов, вработените во ФЗО немаат плата, рече претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски.

Апелира да не се лаже јавноста дека ако се исплатат повисоки плати, нема да има лекови за граѓаните.

„Да не се лаже јавноста бидејќи не личи државен орган да игра на емоции и да лаже дека нема пари во Фондот за здравство. Тоа е институција со најголем буџет во државата и ФЗОМ секогаш има пари“ категорично изјави Деаноски.

Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗО, додаде дека досега нема пријавено никакви инциденти, ниту проблеми.

– Граѓаните се свесни за ситуацијата во која се наоѓаме, нагласи тој.

Тој додаде граѓаните да не се мачат воопшто да доаѓаат за барање за рехабилитација, за ортопедски помагала, заверка на ортопедски помагала, за надомест за породилно, за надомест за исплата на боледување, за осигурување во странство, за двојазичните обрасци и така натаму.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Орце Костов

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Штрајк на вработените во ФЗО, рецепти и упати се издаваат, но нема исплати за породилно и боледување

Катерина Ѓуровски

Штрајк во Фондот за здравство, само итните случаи ќе добијат услуга

Катерина Ѓуровски

Протест на судската и јавнообвинителска служба, бараат поддршка од пратениците за повисоки плати