Да не крадеше СДСМ сега со 900 милиони евра ќе направеше на 200 километри автопат

Од:

Ковачевски ја краде иднината и на неродените – 900 милиони евра се доволни за 3 автопати, а се трошат за покривање загубите на СДСМ. 900 милиони евра колку што владата ќе се задолжи за овозможување на буџетска ликвидност се пари со кои можеа да се направат над 200 километри автопат порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со 900 милиони евра кои Ковачевски ги троши за покривање на својата неспособност ќе имаше автопат од Велес, преку Прилеп до Битола, и втор автопат од Гостивар до Кичево или од Штип до Струмица. Автопат со Ковачевски нема зошто СДСМ наместо да работи крадеше и несовесно се однесуваше со буџетот, па потроши стотици милиони на матни тендери во РЕК, на тендерите на Рашковски, договорите во четири очи на Мухамед Зекири, диловите на Филипче и Дончев, бизнисите на Заеви. Криминалот на СДСМ сега не чини сите нас, граѓаните на Македонија 900 милиони евра, кои наместо на над 200 километри автопат одат на покривање на расипништвото на СДСМ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела