Да не дозволиме да гинат невини граѓани заради остварување на политички цели

Од:

Либерално-демократската партија е крајно загрижена од денешните случувања во Куманово, поради што ги повикува граѓаните на смиреност и воздржаност од било какви провокации кои би можеле да го загрозат човечкиот живот и имотот на граѓаните.

ЛДП ги повикува граѓаните на разумност, воздржаност и постапување со ладни глави.
Кумановското сценарио е продукт на болни умови за дестабилизација на државата и пренасочување на вниманието на јавноста од политичката криза во која падна Р.Македонија по обелоденувањето на аферата со прислушувањето.

Да не дозволиме да гинат невини граѓани заради остварување на политички цели.

Македонскиот народ без оглед на етничката и религиозна припадност, без оглед на политичката припадност, во овие тешки денови за македонската демократија мора да остане на страната на вистината и правдата.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он