Д-р Усеини: Изведено трето колекционирање на хематопоетски матични клетки од донор од нашата земја за пациент од друга земја

Од:

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена се спровело колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен донор од нашата земја кој дарува за непознат пациент од Република Бугарија. Донорот врз основа на ХЛА компатибилноста е избран од Македонскиот Регистар на донори на матични клетки при Институт за имунобиологија и хумана генетика кој е дел од Светскиот Регистрар на Донори.

„Ова е третпат како донор од Северна Македонија дарува за пациент од друга земја. Клетките се користат за трансплантација на коскена срцевина кај хематолошки болни пациенти. Упатувам голема благодарност за храброста, алтруизмот и хуманоста на донорот кој без двоумење прифати да дарува матични клетки. Со овој чин, спасуваме човечки животи. Спасуваме животи на наши блиски, роднини, пријатели. На пациентот од Бугарија му посакувам побрзо закрепнување“, изјави директорот на Институтот, д-р Седула Усеини.

Секој возрасен здрав човек на возраст помеѓу 18 и 50 години може да дарува коскена срцевина во Институтот за имунологија и хумана генетика. Преку подигнување на свеста за хуманост, солидарност и запишување во Националниот дарителски регистар, секој граѓанин може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина.

Би можело да ве интересира

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска