Зејнел и Османи нови директори на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ и Клиника за ревматологија

Од:

Нов директор на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ е д-р Суад Зејнел од Клиниката за пулмологија, а д-р Башким Османи ќе раководи со ЈЗУ Клиниката за ревматологија, информира денеска Министерството за здравство.

Зејнел и Османи доаѓаат на местата на д-р Арбен Љабеништа и д-р Филип Гучев, кои досега раководеа со овие клиники.

Од Министерството посочуваат дека до крајот на неделава се очекува да бидат именувани нови директори и во Центарот за јавно здравје, клиниките за кардиологија, за токсикологија и за детски болести, како и на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска