Д-р Стојанов: Ќе биде направена епидемиолошка анкета на пратеничката Славјанка Петровска, минимална е можноста да се заразиле пратеници

Од:

Ќе биде направена епидемиолошка анкета на пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ, која вчера на својот фејсбук-профил објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа ќе ни каже, можеби не во Собрание, можеби дома или на друго место имала ризичен контакт. Ова денеска го изјави директорот на Центарот за јавно здравје, Александар Стојанов.

Петровска на својот ФБ профил синоќа објави дека попладнето ненадејно добила зголемена температура и омалаксаност, додека била на седница на Собрание и оти по тестирањето добила позитивен резултат на коронавирус.

– Штом се регистрира позитивен случај во приватна или во државна лабораторија резултатите доаѓаат во Институтот за јавно здравје, кој ги дистрибуира до центрите за јавно здравје. Значи, штом го добиеме името, презимето, телефонскиот број, матичниот лекар, епидемиологот се јавува на Славјанка Петровска и ја анкетира и таа ни ги кажува контактите, рече д-р Стојанов.

Тој посочи дека на сите седници се држи растојание и се носи маска, што значи минимална е можноста да се заразиле пратеници.

– Тие не се ризичните групи. Има високоризични, средно и нискоризични групи. Средно и високоризичните веднаш ги ставаме во изолација, тука нема услови за тоа, додаде доктор Стојанов.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски