Д-р Стевановиќ: Речиси 50 отсто од пациентите кои починаа, по 10-15 дена се лечеле сами дома без консултација со лекар

Од:

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ, во врска со зголемениот број смртни случаи од коронавирусот, вели дека речиси 50 проценти од пациентите кои починале, биле предоцна донесени на клиниката, односно без претходна консултација со лекар.

„За прецизно дискутирање на смртните случаи треба да се направат прецизни анализи. Јас можам да кажам од аспект на она што ние го гледаме на клиниката. Од над 470 пациенти досега, имаме 90 кои за жал, се со смртен исход. Најголем дел од нив се донесени на лекување по 10-15 дена самолекување, односно без претходна консултација на лекар. Еден друг дел, се донесени по повеќе од една недела самолекување. Нашите математики се дека 50 проценти од пациентите се предоцна донесени на лекување и верувам дека исходот би бил поинаков ако тие биле донесени навреме или барем консултирале матичен лекар“, вели Стевановиќ.

Таа вели дека дополнителни отежнувачки фактори се и возраста и хроничните болести, а еден дел од помладите кои починале од Ковид-19, не пријавувале хронични болесто.

„Болеста има непозната патофизиологија кои ние овие 4 месеци ја одгатнуваме, со цел болеста да заврши со помалку мака и несакани исходи. Смртноста е многу значајно прашање кое ние здравствените работници мораме да го анализираме на крајот од оваа епидемија“, вели директорката на Инфективната клиника.

Во земјава, од 4482 случаи на Ковид-19, има 210 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од западно нилска треска во Македонија

А1он

На Инфективната клиника почина пациентка со западно-нилска треска, уште една е во тешка состојба

Горан Наумовски

На Инфективната клиника почина пациент со западно нилска треска

А1он

Од 12 пациенти со западнонилска треска на Инфективна, тројца се на интензивна со кислородна поддршка

Уште еден починат од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна

На Инфективната клиника уште еден сомнителен случај на Западнонилска треска