Д-р Микиќ: Рестриктивните мерки се неопходни

Од:

Рестриктивните мерки на движење за граѓаните кои се воведуваат од среда, според д-р Владимир Микиќ, претставник од Институтот за јавно здравје, се едноставно неопходни за да се спречи натамошно ширење на корона вирусот.

-Знам дека рестриктивните мерки секако ќе се примат со доза на недоверба кај одреден дел од граѓани, но едноставно се неопходни. Во овој период немаме друг друг начин, немаме специфичен лек, не постои вакцина, не постои друга мерка која што може да го спречи или ублажи понатамошното ширењето на епидемијата, рече д-р Микиќ на денешната прес-конференција во Владата.

Тој уверува дека доколку не се преземат овие мерки ќе не очекуваат многу поголем број на заболени што ќе значи оптоварување на нашиот здравствен систем.

-Од тој аспект уште еднаш апелирам до сите граѓани да го издржиме овој период, сепак се работи за ограничен период каде што ќе треба да се придржуваме кон овие мерки на социјална дистанца се со цел да ги заштитиме оние што кај кои ова заболување може да предизвика тешка клиничка слика, рече д-р Микиќ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски