Д-р Марија Хаџи – Лега: Законот за абортус е еден од најлибералните во европските земји

Од:

Новиот Закон за прекинување бременост е еден од најлибералните закони во европските земји, дури и полиберален од претходниот закон што е донесен во 1977 година, изјави во интервју за МИА директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство д-р Марија Хаџи-Лега.

Законот, според неа, се донесува од неминовната потреба да се регулираат одредени одредби со оглед на тоа дека стариот закон е донесен во времето на СФРЈ. Жената, има право на абортус и воопшто не е спречена можноста да одлучи за својата судбина, дали да го роди детето или да ја прекине бременоста.

– Разликата помеѓу новиот и стариот закон повеќе би ја дефинирала како осовременување на постоечкиот закон, кој во ваква форма го почитува индивидуалното право на одлука на жената бидејќи е отфрлена точката каде што се бара и согласност од сопругот за абортус, но и дава и шанса на секоја жена да размисли и да потврди дали сака да ја прекине бременоста, вели д-р Лега.

Новина е и тоа што треба да има ултразвучна верификација бидејќи секој гинеколог за да одреди и да детерминира дека постои бременост, неопходно е да се направи таков преглед за да се дефинира бременоста дали е во матката или надвор од неа, за која гестациска недела се работи и дали евентуално постојат одредени туморски формации во самата матка.

– Втора промена е тоа што жената треба да потпише барање до докторот кој ќе ја извршува интервенцијата, како и писмена согласност со потпис кој и до сега постоеше. Прекинувањето на бременоста може да се врши во болничка установа која во својот состав има операциона сала односно да исполнуваат одредени стандарди и која што добила одобрение од Министерството за здравство за вршење на дејноста за прекинување на бременост, појаснува Хаџи-Лега.

Една од позначајните новини во законот е советувањето кое докторот задолжително мора да го изврши пред да ја направи интервенцијата.

Би можело да ве интересира

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови

Платформа за родова еднаквост: Медикаментозниот абортус да биде достапна здравствена услуга и во болниците во другите градови

Ана Ололовска

Платформа за родова еднаквост: Абортусот е неопходна здравствна услуга и во време на пандемија

Ана Ололовска

МЗ: Новиот Закон за прекинување на бременоста е донесен и објавен во Службен весник

Ана Ололовска