Д-р Игор Бимбилоски нов член на Извршниот одбор на СДСМ

Од:

На последната седница на Централниот одбор за член на Извршниот одбор беше избран Д-р. Инж. Игор Бимбилоски од Охрид, информира СДСМ.

Бимбилоски е доктор по технички науки на Електро-техничкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, успешен и докажан менаџер во приватниот информатички и телекомуникациски сектор.

Игор Бимбилоски е актуелен генерален директор на Телелинк Групација во Албанија. Претходно Билбилоски извршувал високи раководни функции во големи телекомуникациски компании во Република Северна Македонија и Република Албанија. Бил претседател на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Зад себе Бимбилоски има и партиски функции како претседател на ОО СДММ Охрид и Генерален секретар на СДММ во периодот од 2000 до 2001 година.

Со изборот на Бимбилоски, се комплетираше составот на Извршниот одбор на СДСМ каде целосно е запазена родовата еднаквост, односно од 18 членови, девет се мажи а девет жени, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата