Д-р Хасани: Повредените во вчерашната експлозијата се во многу тешка здравствена состојба

Од:

Здравствената состојба на повредените кои настрадаа во вчерашната експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце е многу тешка, изјави директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар – ТОАРИЛУЦ д-р Илир Хасани.

Посочи дека се примени тројца пациенти и тоа две жени на возраст од 35 и над 50 години и еден маж на возраст од 65 години.

– За жал, во текот на вчерашниот ден почина 58-годишен пациент кој беше во критична состојба откако настрада во експлозијата на плинска боца во Романовце. Состојбата на тројцата пациенти, особено на двете жени е многу критична и тешка, меѓутоа се бориме со максимални сили за да ја стабилизираме нивната здравствена состојба, рече д-р Хасани.

Појасни дека се работи за тешки изгореници кои се инкомпатибилни по живот, се работи за повреди, изгореници кои се над 80 отсто, додека мажот има изгореници кои се 45 отсто.

– Изгорениците се предоминантна повреда која го загрозува и животот на повредените. Тројцата повредени се хоспитализирани во Единицата за интензивно лекување, се интубирани и се на механичка вентилација во критична состојба, додаде д-р Хасани.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес