Со собрани 80 проценти од вкупната потребна сума за третманот за лекување во НР Кина, д-р Евица Бојаџиева во присуство на членови на нејзиното смејство и преставници од иницијативниот одбор за собирање финансиски средства за нејзиното лекување, замина на лекување во Кина.
Од иницијативниот одбор информираат дека хуманитарната акција за собирање финансиски средства за лекувањето на д-р Евица продолжува и во наредниот период.
Граѓаните на Република Македонија можат да продолжат да донираат на телефонските броеви: 077/143-702 ВИП; 075/143-200 ОНЕ и 070/143-108 Т-Мобиле, како и на отворената донаторска жиро-сметка:
300081000001453 Комерцијална банка АД Скопје Дознака: Евица Бојаџиева-хуманитарна сметка.