Д-р Аврамоски со порака до тетовци: Не наседнувајте на теории на заговор и слаткоречивост од луѓе кои не ја пратат науката

Од:

Владимир Аврамоски, докторот кој важи за еден од најдобрите во својата фела, а работи на Клиниката за гастроентерохепатологија, на својот профил на „Фејсбук“ редовно дава прецизни и детални совети за справувањето и заштитата од коронавирусот во земјава.

Со оглед на тоа што тој потекнува од Тетово, вечерва им се обрати на своите сограѓани, со оглед на тоа што, како што вели, „во континуитет гледа дека се во заблуда дека овој вирус е шега и дека предизвикува мала настинка“.

Тој, чекор по чекор на своите сограѓани, а впрочем и на сите граѓани во земјава напиша низа совети во однос на тоа како треба да се однесуваат за да се заштитат себе, а и сите останати од коронавирусот, кој се уште е присутен во земјава.

Ова се советите и препораките на д-р Аврамоски:

1. Гледајте да ги сведете контактите на неопходен минимум и поради неодложни потреби, под услов да Вие и тие околу Вас се заштитени со маски, со запазување на физичката дистанца од 2 метра во затворени простори (маркети и други индустриски погони)

2. Практицирајте посети во природа и на отворено и без групирање и пак на безбедна дистанца!

3. Од оваа опака болест умираат стари лица со бројни други заболувања, но и помлади лица кои се гојазни!

4. Практицирајте диета (здрава исхрана) и секојдневно вежбање во домашни услови (орбитрек) или надвор на безбедна дистанца

5. Доколку било кој од Вас се случи да испадне позитивен на SARS-CoV-2, седнете и одвоите пар минути добро да размислите и да напишете каде сте се движеле и со кого сте контактирале последните недела дена, а тоа да им го предадете на епидемиолошките служби!

6. Избегнувајте ги маркетите и пилјарите каде вработените не носат маски над нос и над уста

7. Почитувајте ја природата!

8. Никој нема да Ве заштити, ако сами Вие не размислувате со своја глава

9. Немојте да наседнувате на теории на заговор и слаткоречивост од луѓе кои не ја пратат науката, само науката може да не извади од оваа каша!

10. Вирусот се пренесува преку микро и макроаерокапки кои се продуцираат при говорење или гласно смеење и се разбира при кивање и кашлање од секој оној кој е заразен и е во ваша непосредна близина, а потоа паѓа (седиментира) на подот за 10-15 минути.

11. Перете раце најмалку 20 секунди, секогаш пред да се чепнете за нос или уста откако ќе се вратите од маркет, а кога сте во затворен маркет не ја чепкајте маската од предната страна!

12. Не заборавајте дека најмалку 50% од заразените немаат ама баш никакви симптоми, а тоа може да биде секој од нас околу и во исто време да ја пренесе заразата на свој близок пријател, татко и мајка и други роднини!

13. Овој вирус е новоиндетификуван вирус за кој нашата популација нема претходно стекнат имунитет и сеуште се работи на откривање на сите негови тајни…

14. НАЈБИТНО: Немојте да се плашите доколку сето ова го апсолвирате и практицирате!

15. Светот и научната јавност забрзано работи на изнаоѓање на лек, само треба да бидеме умни и да го предухитриме со истрајност и упорност со одлична војничка организација и дисциплина!

Да сте ми живи и здрави!

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски