Д-р Арсенков: Двајца од повредените во Романовце во тешка здравствена состојба, бремена жена со втор степен изгореници на Клиниката „Св.Наум Охридски“

Од:

Двајца повредени во вчерашната експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце, меѓу кои една пациентка на возраст од 31 година со 80 проценти изгореници по телото и десетгодишно дете со 70 проценти изгореници по телото се во тешка здравствена состојба и се на механичка вентилација на Универзитетската клиника по хирушки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје. На Клиниката е хоспитализирана и уште една повредена пациентка на возраст од 28 години со 25 проценти изгореност на површината на телото која е бремена во седми месец, изјави денеска директорот на таа Клиника, д-р Љубен Арсенков.

– Во текот на вчерашниот ден во Клиниката примени се тројца пациенти од кои една пациентка е на возраст од 31 година со 80 проценти изгореност на површината на телото со трет степен изгореници, која е во крајно тешка состојба и е на механичка вентилација, со изгореници на дишните патишта. Втората пациентка е на возраст од 28 години со 25 проценти изгореност на површината на телото со втор степен изгореници, кај која отежнителна околност е што е бремена во седми месец. Вчера и е направен конзилијарен преглед од гинеколог и констатирана е состојбата на плодот и како ќе се одвива натаму ситуацијата е неблагодарно сега прогноза да даваме, рече д-р Арсенков.

Посочи дека за десетгодишното дете за кое вчера проценките биле дека е со помал процент изгореници, но по адекватна обработка во операционата сала е евидентирана површина на изгореност на телото од 70 проценти. – Тоа е на механичка вентилација и е во тешка состојба, потенцира д-р Арсенков.

Одговарајќи на новинарско прашање дали освен изгорениците повредените имаат и оштетувања на витални органи, тој рече дека пациентката на возраст од 31 година има изгореници на дишните патишта, но изгорениците не се само зафаќање на кожата на телото.

– Механизмот на повредата е таков да реперкусии има и по останатите органи, кои во наредните денови допрва ќе треба да ги предвидуваме, додаде д-р Арсенков.

Би можело да ве интересира

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Двајца браќа од тетовско дале 15.000 евра на лажен посредник за странска пензија

Силуван малолетник, 13-годишно девојче злоставувано од таткото – грозоморни случаи во Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Тинејџер објавувал мотнирани експлицитни слики од малотетничка на социјални мрежи

Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во куќа во Гостиварско

Лажен лекар измамил дедо од Виница за 430 илјади денари

Катерина Ѓуровски