Цветковски: СДС прибегнува кон тешки и опасни злоупотреби на полицијата

Од:

„СДС соочена со пораз на следните локални избори прибегнува кон тешки и опасни злоупотреби на полицијата.

Поминаа три дена и има целосен молк од надлежните откако кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ беше малтретиран без никаква причина.

Сето ова е напишано и во SWOT анализата на СДС за Кисела Вода каде се гледа дека власта дрско и брутално планира на овие избори да ја користи полицијата во функција на предизборен инжинеринг. За овој тежок скандал мора да има одговорност. Ова е директно мешање на партијата и државата, и директна злоупотреба на полицијата во партиски цели на СДС.

Оваа пракса мора да престане. Наместо кон штитење на правната држава, полицијата на Спасовски е насочена кон криминогени активности и изборен инжинеринг. Мора да има одговорност. Мора да има санкционирани поради ваквите злоупотреби. Нема да успеат. Ова е израз на очајот и паниката од страна на СДС соочени со слабата поддршка на СДС.

Никој во Република Македонија не е над законот. Законите важат подеднакво за сите.

Ништо повеќе не може да му помогне на СДС. На 15-ти октомври граѓаните ќе ги казнат злоупотребите на институциите во теснопартиски цели“, изјави Марио Цветковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ