Цветковски: ГРОМ нуди реални и остварливи проекти

Од:

Носителот на листата од ГРОМ од Втората изборна единица, Виктор Цветковски денеска во Куманово презентираше дел од мерките опфатени во програмата на Коалцијата за претсојните парламентарните избори.

– Во Програмата се планираат буџетски средства за корисни нешта, за инфраструктура, конкурентни мерки во земјоделството и суштински реформи во сите институции. Во неа пред се е предвидена поддршка на домашните мали и средни претпријатија, реални и одржливи мерки за загрозените социјални категории, но и за брзи промени за подобар квалитет на живот за сите, рече Цветковски.

ГРОМ,посочи, ќе се залага за спречување на корупцијата, за отстранување на административните процедури кои создаваат услови за корупција, како и за намалување на прекршочните казни.

– Нашите проекти се сериозни, реални и остварливи, насочени кон креирање нови работни места и нови вработувања, рече Цветковски.

Тој истакна дека ГРОМ е партија која расте и станува конкурент на другите партии кои делуваат на политичката сцена и ги повика граѓаните да гласаат на 27 април за, како што потенцира, да се формира пратеничка група која ќе работи во интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

Голема загуба за сточар од Чашка: Гром усмрти 107 овци

Горан Наумовски

Гром усмрти американски турист на Етна во Сицилија

А1он

(ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Гром уби фудбалер за време на натпревар

Горан Наумовски

Гром удри жена на плажа во Хрватска – носеше чадор за сонце

А1он

ГРОМ: Не е боледување, Сотир Лукровски избега од Карпош