По повод Светскиот ден на водите – 22 Март, македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ денеска на пладне на Камениот мост во Скопје во водите на реката Вардар ќе положи букети цвеќиња со порака да се зачуваат водите чисти и здрави за идните генерации и да има доволно вода за животинскиот и растителниот свет.
Настанот, организиран во соработка со средното земјоделско училиште во Драчево, Гимназијата „Алгоритам“, ОУ „Гоце Делочев“ и „Св.Кирил и Методиј“, и Словачката амбасада во Македонија, ќе биде збогатен со музички нумери и поезија.