ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес

Од:

Регионалниот ЦУК – Битола информира дека од страна на Армијата – единици од Прилеп, денеска од 08:30 до 15 часот, на стрелиштето „Леково“ ќе се реализира бојно гаѓање. За таа цел се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Се предупредуваат сите лица кои доколку по завршувањето на гаѓањето, пронајдат неексплодирани зрна, односно проектили, да не ги фаќаат и за истото да се јават на 112 во ЦУК или МВР и командата на касарна Прилеп, појаснуваат оттаму.

Од ЦУК апелираат и на голема внимателност поради локални нагли метео-промени, особено при грмежи и молњи, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Изминатото деноноќие, како што е соопштено, евидентирани биле пожари на отворено во Кавадарци и во Велес.

– Велешките пожарникари гаснеле запалена ниска вегетација во градскиот парк во Велес, а пожарникарите од Кавадарци гаснеле неколку дрвја во близина на патот за село Ресава, додаваат оттаму.

Би можело да ве интересира

Зголемување на водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река во близина на Хераклеја

Паднати бандери и дрвја, оштетени автомобили – проблеми во Скопје поради ветерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК: Поплавени се ниви, дворови, куќи и магацини, регистрирани се мали одрони на одредени патни правци