ЦУК: Во тек е спасувачка мисија за извлекување на двете лица

Од:

Пред околу еден час на бројот 112 е добиен повик за помош на две лица кои со квадрицикл излетале надвор од земјен пат и паднале во бездна длабока околу 20 метри, после с. Алдинци во близина на вила „Принц“.

Од страна на ЦУК се известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Во тек е спасувачка мисија за извлекување на двете лица кои се наоѓаат во стабилна здравствена состојба со засега неидентификувани повреди.

На местото на несреќата е пристигната екипа на Итната медицинска помош, но поради непристапноста на теренот се чека на тимот со специјална опрема од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, којшто се движи кон местото на несреќата и треба да пристигне во секој момент.

Би можело да ве интересира

40-годишник од стумичко починал на паркинг во Скопје

Катерина Ѓуровски

Двајца Срби, едниот малолетник, повредени во сообраќајка кај Неготино

ДУИ: Дискриминација во ЦУК – примија 12 Македонци и само тројца Албанци

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

Малолетници се пукачите со автоматска пушта во куќа на тетовец