ЦУК: Повозрасно неподвижно лице најверојатно настрада во пожар во Аеродром

Од:

Центарот за управување со криза (ЦУК) соопшти дека утрово во 6.33 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за пожар во стан во зграда на шести кат на улицата „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром.

Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.

Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 15 пожарникари со шест противпожарни возила.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче