ЦУК: Отстранета опасноста oд локално поплавување во Неготинско

Од:

Отстранета е опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување во Неготинско, информираат денеска од Центарот за управување со кризи.

– Центарот за управување со кризи, по добиената информација на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, презеде превентивни координативни активности за да се отстрани опасноста по мостот на Вардар кај Неготино, кај село Пепелиште и од поголемо локално поплавување. Практично, пријавената опасност беше резултат од нанесените гранки и дрва, што беа како своевидна брана, на столбовите од мостот од надојдената вода на реката, појаснија од Центарот.

Регионалниот ЦУК Неготино извести дека од страна на водостопанство АД „Тиквеш“, подружница Кавадарци, вчера e извршено чистење и отстранување на дрвната маса и друга вегетација од бетонските столбови на мостот на реката Вардар, од патниот правец Неготино – Штип, близу село Пепелиште.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Критично ниво на реките: Треска четири, а Вардар два и пол пати над просекот

Катерина Ѓуровски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

Тело на 71-годишен маж од Скопје е пронајдено во Вардар

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски