ЦУК: Од силен ветар паднати и оштетени кровови, фасади, дрвја, оштетени автомобили, пожари

Од:

Според добиените писмени известувања од Регионалните центри за управување со кризи и од другите субјекти, од многу области што учествуваат во Системот за управување со кризи (СУК), Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало појава на силен ветер што предизвикало повеќе видови штети, три пожари на отворено и паралелно со нив други противпожарни интервенции.

– Вкупниот број на повици за итни случаи на 112 во ЦУК изнесува 1.590, при што имало 18,05 проценти од итните реални повици за комбинирано решавање преку Секторот за операции и координација во ЦУК, што е речиси за двојно повеќе повци од вообичаениот просек за едно деноноќие, што ЦУК ги ги решава, секако, заедно со другите 59,43 проценти повици, именувани и како „неитни повици“, соопштија денеска од ЦУК.

Преку единствениот број за итни повици Е-112, во 13:45 часот, била добиена пријава за паднат дел фасада и можна опасност да падне уште еден дел на ул. „Димитрие Чуповски“ (кај „Табако Жак Мар“), во близина на Министерството за правда. За ова ситуација, се појаснува во соопштението, од страна на РЦУК Скопје биле известени Општина Центар и Полициската станица во Центар („Беко“) за нивна понатамошна постапка.

Исто така, поради силниот ветер што го зафати подрачјето на Град Скопје во текот на денот до единствениот број за итни повици Е-112, добиле пријави за паднати дрвја на шест локации во градот, како и еден случај на падната канделабра, при што во четири од истите има пријава за оштетени автомобили.

Имало пријави и за оштетена куќа и оштетени покриви од куќа и оштетен покрив од зграда. Сите овие пријави од страна на РЦУК Скопје биле веднаш проследени до надлежните институции односно, општините во Град Скопје, како и до јавните претпријатија и надлежни АД во Градот, за превземање на нивни понатамошни постапки.

Регионалниот ЦУК Струмица, известил дека околу 11:30 часот, подрачјето на Општина Струмица било зафатено со силен ветар, поради што од единствениот број за итни случаи 112, добиле пријави за паднати лимени покриви на три локации, како и четири пријави за паднати дрвја. Тоа било веднаш пренесено до надлежните општински институции и во сите случаи интервенирале пожарникарите од ТППЕ Струмица.

– Пожарникарите интервенирале врз три пожари на отворено, а паралелно со тоа и на други урбани. Регионалниот ЦУК – Велес, известува дека пожарникарите од ТППЕ Неготино, од 13:10 до 14:10 часот, со два пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација кај „Винарија Фонко“ во месноста „На Куријски Пат“. Пожарот настанал од паднат кабел на далекувод во Општина Неготино, појаснуваат од ЦУК.

Регионалниот ЦУК – Куманово, известил дека ТППЕ Куманово, од 16:55 до 18:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во околината на село Черкезе, а РЦУК Скопје, дека БППЗ на Град Скопје, имала една помала брза интервенција на отворено заради запалени картони, што заради ветрот претставувале опасност и за околината.

– Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК, кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.590. „Реални“ повици за итни случаи имало 40,57 проценти. Имало 59,43 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон Полицијата биле упатени 44,88 проценти од повиците, кон Итната медицинска помош 33,66 проценти, а кон пожарникарите биле упатени 3,41 проценти. Кон ЦУК имало 18,05 проценти од итните реални повици за комбинирано решавање, што е речиси за двојно повеќе повци од просекот што вообичаено се движи од 3 до 10 проценти што ги решава, секако заедно со 59,43 проценти други, именувани и како „неитни повици“, ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, се вели во денешното соопштение од ЦУК.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Во февруари имало вкупно 448 пожари на отворен простор

Си ја запалил куќата, изгорел во пожарот

Повозрасен маж, жртва на пожар во кумановско

Орце Костов

ВИДЕО: Пожарот на врвот на Жеден беснее, ако не се изгасне сам до утре наутро, ќе интервенираат воздухоплови

Александар Тодески

Спасен поврeден планинар на Шар Планина

Горан Наумовски

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски