ЦУК: Нормализирана состојбата по невремето во охридско-струшкиот регион

Од:

„По невремето кое што го зафати Охридско-Струшкиот регин, информираме дека во овој момент состојбата е нормализирана.

Надлежните субјекти целосно ја следеа состојбата, согласно насоките кои претходно беа договорени, и по престанување на невремето, пристапено е кон санирање на последиците и причинетата штета.

Најпогодена беше крајбежната линија на потегот од населба Канео до централното градско подрачје во Охрид , а во Струга, во делот од машка и женска плажа.

Испуштањето на водите од Охридско езеро преку р. Црн Дрим е со постојана координација со ЕЛЕМ и покрај прелевањето на акумулацијата Глобочица по течението на р.Црн Дрим, нема опасности за причинување на штета на патот Струга-Дебар.

Нивото на реките на Сатеска и Коселска е со благ пораст во однос на претходните денови, но нема опасност од преливање.

До овој момент на 195 нема пријави за причинета штета (поплави, пад на дрвја и сл.)

Во однос на функционирање на останатата инфраструктура (колектор,водоснабдување, електроснабдување), не се забележани прекини“ се вели во соопштението на Центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Активни се шест пожари на територијата на Македонија

Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11

Активни се пет пожари на отворен простор, шест се ставени под контрола

Од 31 пожар на отворен простор, два се активни, пет се под контрола

Горан Наумовски