ЦУК: На подрачјето на Општина Ресен дојдео до излевање на Болнска и Источка река

Од:

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дојдео до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште, извести ЦУК.

„Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см. Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции. Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти. ЈП “Македонија пат“ информира дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет, велат од ЦУК

Би можело да ве интересира

Зголемување на водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река во близина на Хераклеја

Паднати бандери и дрвја, оштетени автомобили – проблеми во Скопје поради ветерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава