ЦУК: Можни излевања на Пчиња и Крива Река

Од:

Забележан е зголемен водостој на реката Пчиња во Пелинце и на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред вливот во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња, информира ЦУК.

Од ЦУК предупредуваат за можни локални излевања во горниот дел од сливот на река Пчиња.

– Истовремено поради зголемен доток можно е водата да создава поголем притисок врз дел од некои мостовски конструкции, наведува ЦУК.

Би можело да ве интересира

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

ВИДЕО: Поплавени куќи во селата Буковиќ и Семениште во општина Сарај

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени