ЦУК: Изгаснати 27 пожари, четири се уште активни

Од:

Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало 32 пожари на отворен простор, од кои 27 се изгаснати, еден е ставен под контрола, а четири се уште се активни. Активни пожари има на територија на Општина Чучер-Сандево, кај село Танушевци, во месноста викана Рамно, во Општина Чашка, на планината Мукос, кај село Степанци, во месноста викана Кадиица и селата Оморани и Ораов Дол, во Општина Прилеп, кај селата Пештани, Кокре и Кален и во Општина Штип, кај селата Хаџи Хамзали, Едеклерци и Топлик, во близина на полигонот Криволак.

Како што информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е ставен пожарот во демирхисарското село Вардино.

Во скопскиот регион изгаснати се повеќе пожари, меѓу кои на територија на Општина Сопиште, кај село Јаболци, во месноста викана Краста, во Општина Ѓорче Петров, кај село Кучково. Три пожари се изгаснати на во Општина Бутел, едниот кај Качаначки Пат и два кај село Љуботен, во Општина Гази Баба, кај село Јурумлери.

Изгаснати пожари има и во општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Гостивар, Врапчиште, Прилеп, Долнени, Битола, Кочани, Кичево, Струга, Штип, Теарце, Боговиње и Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК: Поплавени се ниви, дворови, куќи и магацини, регистрирани се мали одрони на одредени патни правци

ЦУК: Нема позначителни врнежи, а водостоите на реките се во опаѓање

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен