ВИДЕО: Граѓаните на Тетово да не излегуваат без потреба од своите домови, апелираат од општината

Од:

Поради големиот пожар кој избувна претпладнево во фабриката на влезот во градот Тетово, квалитетот на воздухот е значително влошен.

Од општина Тетово и СВР Тетово апелираат до граѓаните да не излегуваат без потреба од своите домови.

Најпогодени се оние со белодробни васкулари и срцеви заболувања, кои денеска треба да останат дома и да ги следат известувањата за квалитетот на воздухот, апелираат од Центарот за управување со кризи.

Оние граѓани кои имаат потреба да бидат надвор, задолжително да носат заштитни маски по можност H95. Во домовите да се чуваат затворени прозорците и вратите.

Во 12 часот на лице место пристигна и армијата со еден хаммер и со 13 војници, а на терен исто така се и 80 војници од касарната Тетово со опрема и машини за гаснење на пожарот.

На лице место е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. На пожарот се интервенира и од воздух со Хеликоптер на МВР, а од страна на TAV Maкедонија пуштена е цистерна со Пена.

Интервенираат и пожарникари од Тетово, Гостивар, Кичево и Скопје, како и екипи со ПП возила за хемиско гаснење од ТАВ Македонија и лица од ДЗС Тетово и ДЗС Гостивар, известува Центарот за управување со криз.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија