ЦУК: Дрвја што го попречуваа текот на реката Пена се отстранети

Од:

Како резултат на обилните врнежи од дожд коишто го зафатија подрачјето на територија на Македонија (уште на 28.3.2024 година) е добиена пријава за попречени, нанесени, дрва во речното корито на река Пена во атар на с.Сараќино, Општина Тетово, извести ЦУК.

„Поради надојдената вода на река Пена, нанесените дрвата претставуваа природна препрека за нормално течење на водата во речното корито и на одредени места се случуваше заезерување во речното корито и имаше потенцијална опасност реката да се излее надвор од речното корито, а со тоа и да дојде поплавување на куќите и земјоделското земјиште во атар с.Сараќино, Општина Тетово. Секторот за операции и координација на ЦУК за настанатата состојба преку писмено известување ги извести Општина Тетово, Општина Желино, ЈКП Тетово, АД Водостопанство, Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство и Дирекцијата за заштита и спасување за преземање на мерки и активности за отстранување на попречените дрвја во речното корито. Од страна на локалната самоуправа на Тетово со помош механизација попречените дрва се отстранети од речното корито на Пена и е надмината опасноста од излевање на водата од речното корито кај с.Сараќино.

Би можело да ве интересира

Денес 10 пожари на отворен простор, засега пет се активни

ЦУК: Активни се четири пожари, а три се под контрола

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Се гаснат шест пожари, под контрола се два

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати

ЦУК: Активни се девет пожари низ државата