ЦУК: Десет активни пожари низ цела Македонија

Од:

Центарот за управување со кризи вечерва извести дека во Македонија до 21.30 часот има вкупно 52 пожари, од кои 10 се активни, под контрола се четири, а изгаснати се 38.

Активни пожари има во:

1. Прилеп – с. Бешиште, Бешишки Рид (мешана шума)
2. Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (дабова шума и грмушки)
3. Македонски Брод 3 – с. Рамне (ниска вегетација, од фабриката Самоков)
4. Македонски Брод 4 – с. Слатина (мешана шума)
5. Македонски Брод 5 – с. Ковче (мешана шума)
6. Велес – с. Џидимирци (ниска вегетација)
7. Чашка – под Солунска Глава (чад во карпест дел, шумски пожар)
8. Желино – с. Ларце (друга локација, мешана шума)
9. Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
10. Виница – с. Драгобраште (нискостеблеста шума)

Пожари под контрола има во:

1. Кочани – Бабиште, меѓу Јастребник и Полаки (ниска вегетација и мешана шума)
2. Делчево – Градска депонија Острец
3. Старо Нагоричане – с. Алгуња (нискостеблеста шума)
4. Крива Паланка – с. Градец и с. Лозаково (борова, дабова и багремова шума)

Изгаснати се пожарите во:

• Прилеп (5) – Веселчани, Ново Лагово, Забрчани, Црн Бор, Лажани
• Крушево – Градска депонија
• Могила, Велес (4), Росоман, Кавадарци, Свети Николе (3)
• Јегуновце, Желино, Теарце, Гостивар, Радовиш, Ново Село
• Пробиштип (3), Берово
• Куманово (10) – Карпош, Гранд Оил, Пуковско, Романовце, Палестина, Табановце, Средорек, Бело Брдо, патарина Романовце, Никуњски Пат
• Ранковце – Милутинци
• Кратово – Куклица

Би можело да ве интересира

Прва координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи за справување со пожарите

A1on

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице e повредено

A1on

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Зголемување на водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река во близина на Хераклеја

Паднати бандери и дрвја, оштетени автомобили – проблеми во Скопје поради ветерот