ЦУК: Четири пожари се активни, три се под контрола

Од:

На територијата на државава до осум часот се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а 15 пожари се изгаснати, извести Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во:

Oпштина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)

Под контрола се пожарите во:

Општина Желино – с. Желино кон Еребино, планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација)
Општина Велес – кај с. Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
Општина Струга – помеѓу с. Октиси и с. Белица (сува трева)

Изгаснати се пожарите во:

Студеничани – с. Студеничани
Сарај – с. Долно Свиларе
Петровец – с. Горно Коњари
Крушево – с. Селце
Македонски Брод – с. Слатина, м.в. Стојанова Населба
Пробиштип – с. Бунеш
Виница – ул. Славчо Стојменски
Куманово – Градиште
Липково – с. Слупчане
Ранковце – с. Псача, м.в. Гладно Поље
Кратово – с. Железница
Кратово – м.в. Филтер Станица
Гостивар – Депонија
Маврово-Ростуше – с. Дуф
Ресен – с. Покравник

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари