ЦУК: Брзо е пронајден планинар кој се изгубил кај Мрежичко на Кожуф

Од:

Денска, во 13.15 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, е добиена пријава за изгубено лице на планината Кожув, во близина на местото Мрежичко.

Лицето било планинар од Скопје, кој претходната ноќ ја преспал во планината, но поради лошите временски услови и наросувањето од снег, загубил ориентација и решил да побара помош од службите, извести ЦУК.

„Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), беа известени СВР Велес, ОВР Кавадарци, Гранична Полиција „ЈУГ“ Итна Служба, како и Општина Кавадарци и градоначалникот на Кавадарци, г-дин Митко Јанчев.

Во 14 часот, лице од општината во Кавадарци кое го познавало теренот, стапило во контакт со залутаното лице и по кратко време го пронашол и со теренско возило го однел до безбедна куќарка во близината каде што бил згрижен,

Потоа од страна на граничната полиција “ЈУГ“ лицето е транспортирано до градот. Оваа брза и координирана интервенција резултираше со успешно пронаоѓање на лицето, благодарение на тимскиот пристап и професионалноста на службите во Системот за управување со кризи (СУК). Особен придонес, со личниот ангажман и вклученост во потрагата, даде градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев, како и со ангажирање на локални ресурси и ефикасна координација меѓу институциите“, велат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Со денови се трага по исчезнатото повозрасно лице од штипското село Степанци

Полицијата трага по возач кој повредил жена во сообраќајка во Тетово

Горан Наумовски

Полиција трага по 20-годишна девојка од Скопје

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски

Голема потрага по маж кој се изгубил движејќи се во реонот на Старо Нагоричане

Горан Наумовски