Црвенковски: Власите имаат голем придонес во градењето на Македонија

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, денеска, по повод Националниот ден на Власите упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, припадници на влашката заедница, со искрени желби за успешно промовирање, негување и ширење на влашката култура и традиција во Република Македонија.

„Власите низ историјата имаат значаен придонес во градењето на македонската држава и во негувањето на различностите и меѓуетничката толеранција во нашето општество преку промовирањето на сопствените културни вредности. Со заедничкиот стремеж за унапредување на меѓусебните односи даваме пример на нашите деца и праќаме порака за почитување и соживот во Република Македонија“, пишува во честитката на Црвенковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?