Црвенковски упати честитка по повод Божик

Од:

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски, денеска, по повод големиот христијански празник Рожденство Христово Божик, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан и до сите верници од православна вероисповед во Република Македонија.

– На овој голем ден се потсетуваме на Неговото велико и спасоносно дело, дело кое целото човештво го упати на патот кон правдата, вистината и вредноста на човечкиот живот.

Прославувајќи го Христовото раѓање ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе во светот и заради тоа треба да бидеме благодарни за Неговата милосрдност и бескрајна љубов. Убеден сум дека МПЦ ќе продолжи да го дава својот придонес во зголемувањето на свеста за значењето на нашата вера која се темели на љубовта, мирот, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард