Црвенковски се сретна со новоименуваниот амбасадор на Израел

Од:

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска се сретна со новоименуваниот нерезидентен амбасадор на Израел, Јозев Амрани.

Истакнувајќи го значењето на меѓусебната соработка на двете држави, Црвенковски  му посака успех во работата на Амрани и ја искажа својата заложба за унапредување и зацврстување на соработката меѓу Македонија и Израел.

Амбасадорот Амрани нагласи дека неговата агенда се заснова на остварување контакти со што е можно поголем број на општествено активни чинители на Македонија со цел доближување на земјите и унапредување на меѓусебната соработка. Говорејќи за досега остварената соработка во економијата, земјоделството, инфраструктурата, како и на политички и меѓу институционален план, амбасадорот потенцираше дека Македонија има значителни потенцијали кои треба да бидат една од  клучните нишки на идната меѓусебна соработка, соопшти прес-службата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски