Црвенковски: Само пералниците на пари и мозоци работат 24/7

Од:

На завршниот митинг во Куманово, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, порача дека битката трае, а отпорот продолжува.

Ние, рече Црвенковски, немаме два живота па едниот да ни го уништат, немаме ни две држави, за едната да ни ја пропаднат, пропаѓаме на сите полиња. Нивното не најсилно, туку единствено оружје, рече, е сеењето страв, слободата е забранета, а демократијата е зло што мора да се уништи. За нив нема ништо свето, ни народ, ни држава ни слобода. Ако нивните пари се загрозени, спремни се преку живи луѓе да газат.

„Мора крај да се стави на ова лудило.Тоа само од себе нема да се случи. Мораме тоа сите заедно да го направаиме. А тоа мора на избори, прво на локални, па на предвремени парламентарни. Со Вашиот глас на 24.март, давате или одземате глас на тиранијата на Груевски Во Куманово одиме на сигурно. Вашиот и нашиот Циц е од и за народот. И во добро и лошо секогаш е со народот. Покажа како може и без помош од централната власт успешно да се води голема општина“, рече Црвенковски.

Да му покажеме, порача, дека времето на Груевски заврши.

„Како резултат на нивните кривични дела секое трето семејство е сиромашно. Македонија е земја на затворени фирми и блокирани сметки, на судски извршители, на медиумски мрак и цензура, на приватизирани институции, диригирано судство, политички затвореници, на државна мафија контролирана од фамилијата“, рече Бранко Црвенковски.

Само две индустрии, рече Црвенковски, работат 24/7, тоа се пералниците за пари и за перење мозоци.

„Ова што ни се случува не е наша судбина, се може да биде подобро. Решението нема од бога да ни падне. Ова е наша држава. Ова се наши животи. И од нас зависи какви ќе бидат. Време е на оваа агонија да ставиме крај“, рече на завршниот митинг на „Сојузот за иднината“, Бранко Црвенковски.

brane-cic-ljubco brane-kumanovo-22kumanovo-miting-22dimitrievski-01 tito-petkovski-22-mart ljubco-georgievski-22-mart cic-kumanovo-22-mart brane-kumanovo-22-mart brane-kumanovo-22-mart-06 brane-kumanovo-22-mart-07 brane-kumanovo-22-mart-09

 

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226