Црвенковски одговори на писмото на Филе

Од:

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска во одговор на писмото на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, посочува дека наполно е свесен за делот на одговорноста што ја носи опозицијата во процесот на надминување на разликите и оти се подготвени за дијалог кој би довел до политички договор меѓу власта и опозицијата.

– Длабоко ја почитувам Вашата загриженост за политичката криза во нашата земја предизвикана со настаните од 24 ти декември и последиците што таа ги предизвикува за европските перспективи на Република Македонија.

Наполно сум свесен за делот од одговорноста што го носи опозицијата во процесот на надминувањето на разликите и изнаоѓањето на решение кое ќе ги смири тензиите и ќе ги нормализира состојбите.

Како и во изминатиот период ние во деновите што доаѓаат сме подготвени за политички дијалог кој би довел до политички договор меѓу власта и опозицијата.

За жал, таква политичка волја барем во претходниот период не беше демонстрирана од страна на премиерот Груевски, кој сите иницијативи и предлози ги одби, а за што се надевам Вие сте целосно информирани.

Се надевам дека соочен со големата одговорност за иднината на земјата г-динот Груевски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ ќе демонстрираат вистинска желба за разрешување, а не за продлабочување на политичката криза.

СДСМ и здружената опозиција остануваат целосно посветени на одбрана на демократијата, почитување на правото и европската интеграција на Република Македонија, вели Црвенковски во писмото упатено до Филе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените