ВИДЕО: Црвенковски: Никола, кога со Љубчо се поздравуваше три дена рацете не ги миеше

Од:

Доста од страв и притисоци и лажни ветувања.За социјалците вечерва во Прилеп циркус организираа. Кој ќе им оди на циркус кога од цела држава циркус направија, рече на митингот во Прилеп, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Овде, рече заедно со вас, го најдовме вистинскиот човек, ем млад ем искусен, човек со резултати зад себе, чесен, одговорен, семеен и еснаф човек. Црвенковски е уверен дека Прилеп ќе биде победнички град.

„Ние сме земја на сиромаштија, на задолжени фирми и позадолжени граѓани, полтронски комори и лажни синдикати. Незадоволни се професорите и студенти, несреќни се еснафџиите и пазарџиите но и купувачите. Македонија е земја на министерства-пералници на пари, рекетари во инспекциски служби,арач се собира за да можат пастирот и фамилијата да си ги лечат фрустрациите. Критички настроените медиуми ги решава со затворање, а политичките противници со апсења и затворања“, рече Црвенковски.

„Целокупната власт е во рацете на еден човек, тој е и премиер и претседател, и Врховен и Уставен суд и главен уредник на пола медиуми,и главен архитект. Тој продолжува вината кај другите да ја бара а не кај себе.Ќе не решел одеднаш сите. Е па Никола морам да те потсетам. Со Андов беше во коалиција, кога почна да ти ги критикува политиките ти текна дека е истрошен политичар. Со Петковски во 2006-та направивте влада. Љубе ви беше херој. На аеродром се гушкаше со него, а кога почна да те критикува го уапси во монтиран политички процес. Љубчо ти беше икона и пред неа се крстеше. Кога со Љубчо ќе се поздравеше три дена рацете не ги миеше. Се му подржуваше и сите приватизации ги потпиша, а сега го прогласи за предавниик. Полека Никола, кочи малку. На крај апла сам ќе останеш. Кој ти е следен кандидат за предавник, Павле Трајанов или Борис Стојменов, Лилјана Поповска. Едно знам Ѕинго не е.Тој ти е бетон сигурен, тој има директни антички корени со Аминта трети. И во Амди можеш да бидеш сигурен“, рече Црвенковски.

Со Георгиевски, рече Црвенковски, сме имале големи разлики. Исто големи колку разликите на Черчил и Сталин, се додека не се појавило најголемото зло, капларот, фирерот , Адолф Хитлер, Тоа , рече, ги здружило во заедничката борба против фашизмот.

Повтори, дека не се бори за никаква власт, се бори за иднината на сите деца, децата да живеат во просперитетна држава.

Би можело да ве интересира

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“, жестоки реакции од опозицијата

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија