А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Црвенковски: Ни две минути од животов не трошам на Бичиклиски

by А1он21/07/2012 - 17:1321/07/2012 - 21:54182
Share0

Лидерот на СДСМ прашан дали за прозивките од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичикслиски дека е вмешан во шверц со нафта рече дека неманамера да го тужи.

Добивај вести на вибер

„Немам намера две минути од животов да посветам на Бичиклиски“, изјави Црвенковски.

Тој кажа дека Магаш не го нарекол криминалец.

„Не го нарекувам јас него криминалец, тие така го прикажаа, и тоа угледен криминалец, никогаш не разбрав што значи тоа угледен криминалец. Криминалец е криминалец. Значи ако целата битка на оцрнување против мене се заснова на изјави на такви сомнителни типови дадени пред две или три години, на некаква локална босанска телевизија, јасно е дека буквално немаат ништо.

– Дека е тоа една празна реторика, дека е тоа една измислена кампања без било каква основа. Да ве потсетам, тие се веќе седма година на власт. Се е во нивни раце, Министерство за внатрешни работи, Обвинителство, Судство. Ако имаат било каков доказ, за било што во оваа земја, за криминал против мене или било кого тие треба да покренат постапка, да поднесат пријава, да отворат постапка и процедура пред судот.

– Тие тоа не го прават, туку се повикуваат на изјава на некаков сомнителен тип од Босна. Ние вечерва, јас и Вие, ќе најдеме некој да даде изјава за било кого во Македонија. Меѓутоа, тоа нема врска со правна држава, уште помалку со одговорна власт“, рече Црвенковски.

sdsmvmro-dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 12:37

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто