Црвенковски: Не си одам Никола, додека не те поразам

Од:

На 24. март најголем политички конкурент на Јани Макрадули нема да му биде актуелниот градоначалник на Скопје, затоа што Скопје немаше градoначалник, туку обичен потписник на туѓи идеи, рече лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски на промоцоијата на кандидатурата на Јани Макрадули за градоначалник на Скопје.

Зарем мислите дека Коце бил прашан за Скопје 2014, зарем некој верува дека барокната наезда е резултат на желбата на Коце. зарем Воинот на коњ и Таткото на воинот на коњ и Мајката на воинот на коњ е лична опседнатост на Коце Трајановски, зарем некој верува дека Коце бил прашан за уметничката инсталaција-жални врби, за Триумфалната капика, за мостот Око, за бродовите, па и за она што го нарекуваат Нова Градска куќа, дали бил информиран и прашан за автобусите на ЈСП, за нивната цена, за условите под кои се зема кредитот?

Тогаш, имаше ли Скопје градоначалник во овие 4 години? Имаше ама не е Коце Трајановски, туку како и за се друго, Никола Груевски. Тој сам одлучуваше и за ништо друг не прашуваше. Тој ги лечеше своите комплекси и фрустрации. И затоа Јани ти посакувам на 24. март со поддршка на сите Скопјани, да го поразиш вистинскиот узурпатор на СКопје, Никола Груевски. Твојата победа во Скопје ќе ја најави целата победа за Македонија.

За жал живееме во време невреме, се инсталира еден нов сосема искривен вредносен систем, тоа што беше некогаш погрешно сега е правилно, глупоста стана мудрост, лагата вистина, ненормалното нормално, демократија се третира како непотребен баласт, Уставот се прескокнува по желба, Македонија е земја во пад, сите ресурси, материјални, духовни се целосно исцрпени, ние како држава немаме сила уште долго да го издржиме ова.

Ова се наши животи,или мирно покорно со наведната глава ќе го чекаме судниот ден или ќе се одважиме и ќе ги земеме работите во наши раце. трето нема и секое дебатирање за третото е лажење на сопствената свест. Оваа власт не може да се вразуми, оваа власт треба да се порази.

Не прашуваат кои се нашите проекти, па има ли поголемо сооочување на концептите од тие на враќањето на демократијата наместо нивниот тоталитаризам, од нашето инситирање да не се земаат кредити за споменици и фонтани, туку за патишта и електроенергетски објекти.

И тие и нивните медиуми само повторуваат дека јас сум зборувал за национални теми, а ова биле локални избори. за што зборува Никола Груевски, за Бранко и само за БРанко, Седум години е премиер, државата ја доведе во колапс, а нему најголема грижа му е како Бранко да си замине. Е, не си одам Никола. Не си одам дури не те видам тебе и твоите политики поразени. тоа му го должанм на овој народ, на моите деца и себеси.

Ова не се обични локални избори, тоа го знаеме и ние, тоа го знаат и тие, ова е тест за која Македонија ќе се покаже посилна, нивната-силеџиската или нашата -демократска и напредна. овие избори се можност да им се одземе власта, да се отвори патот кон предвремени избори, не после септември туку веднаш. Ова не се избори за обична власт туку за нешто поголемо, за иднината на овој народ, таква битка не се пропушта и мора да се добие. Ајде сите заедно да го направиме.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар