Црвенковски: На 28 октомври ќе се случи најголемиот митинг досега

Од:

„Дали оваа иста влада донесе амнестија за хашките случаи, дали таа амнестија се однесуваа на раководството на ОНА и десетина луѓе, дали амнестираните седат во истата влада? Ако за ВМРО-ДПМНЕ не е проблем да седи со нив во една влада, ако командантиве се добри и амнстирани за да седат во влада, тогаш цел проблем не е само Фатмир Бесими.

Потегот на Бесими беше лош и во погрешно време, тоа не беше потег на помирување. Пред четири години ниту на ВМРО-ДПМНЕ му било битно за бранителите, ниту на ДУИ за ОНА, нив им беше битно да направат влада. Од каде сега се појави таа загриженост за бранителите и за ОНА?

Ова во интервју за Алсат телвизија го кажа лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, според кого сиромаштијата е најголем проблем во оваа држава.

„На кој Албанец му смета ако бранителите добијат привилегии, проблемот е ако нема за ОНА, е како така ДУИ се договори за во влада, а за тоа ништо да не договори? И сега талентиве од владава не замајуваат со Слупчане и законот за бранители. Не е тоа што Фатмир Бесими положил цвеќе. Тоа е лош потег, во лошо време, но Бесими не е целата политика, туку ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Црвенковски.

Лидерот на СДСМ најави дека на 28 октомври во Скопје ќе се случи најголемиот митинг досега, од кој ќе бидат упатени клучните пораки и ќе бидат претставени кандидатот за Скопје и за скопските општини. Црвенковски не откри кој е кандидатот за Скопје, а на прашањето дали во опозицијата има јунак кој ќе му се спротивстави на актулениот градоначалник Коце Трајановски, рече:
„Зошто јунак за Коце, Коце е голем јунак? Ние сме првата партија што објавуваме кандидати, ние излегуваме и ни викаат, а зашто не го кажувате оној или овој кандидат“, рече Црвенковски.

Тој најави дека локалните избори ќе бидат референдум за предвремени парламентарни избори, за кои според него опозицијата е подготвена но само со изборен закон по препораките на ОБСЕ и ОДИХР и со прочистен избирачки список.

„Подготвени сме за предвремени парламентарни избори по измената на изборниот закон и избирачкиот список. Зошто по секоја цена владата сака да оди на избори со истите избирачки списоци ? Ако нема измени, ние ќе предложиме со точните препораки на ОБСЕ и ОДИХР, ако тоа се направи, веднаш сме подготвени за избори“, рече Црвенковски.

Тој кажа дека не сака ниедна функција во иднина.

„Јас не претендирам на ниедна државна функција, нема да бидам на листит ни на локалните, ни на парламентарни избори, апсолутно немам ниедна намера“, рече Црвенковски.

За првата функција во СДСМ рече дека конгресот е во мај, а тогаш ќе ги има и резултатите од локалните избори по што ќе се изберат органите на партијата.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Починале 20 бебиња за 6 месеци – СДСМ бара оставка од Таравари

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Груби навреме добил дојава од внатре, од самото МВР со кое управува Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Проблеми во енергетскиот сектор се последица на криминалното работење на СДС и ДУИ

СДСМ: РЕК Битола не работи и не произведува струја

СДСМ: Додека скопјани се гушат ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман против загадувањето

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Фани се левиот и десниот џеб на Заев