Црвенковски: Меѓуетничките односи се влошуваат

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски денеска оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Ралф Бред.

На средбата соговорниците разговараа за измените во Изборниот законик, при што амбасадорот Бред беше информиран за ставот на СДСМ по ова прашање, односно дека владиниот предлог воопшто не ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР за кои се залага и СДСМ, а кои се однесуваат на спроведување на фер и демократски избори, стои во соопштението од партијата.

„Во однос на меѓуетничките односи, кои ОБСЕ одблиску ги следи, претседателот Црвенковски напомена дека тие се влошуваат, за што придонесува и политиката која оваа Влада ја спроведува. Во таа насока, земјата се соочува и со постојано влошување на состојбата во медиумите, загрозување на слободата на изразување и политички притисоци во судството заради што и довербата во институциите постојано се намалува. Претседателот Црвенковски го повтори ставот на СДСМ во однос на евро-атлантските интеграции и напомена дека тие се од највисок приоритет за земјата, за чие реализирање партијата останува целосно посветена“, се вели во официјалното соопштение по средбата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски