Црвенковски: Македонија во веќе видена ситуација без датум за преговори во декекмври

Од:

Претседателот на СДСМ,  Бранко Црвенковски денеска имаше средба со известувачот на Европскиот парламент за Република Македонија Ричард Ховит, соопштуваат од  партијата.

На средбата, главен акцент е ставен на последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, неодамнешниот „Меморандум за разбирање“ инициран од страна на Атина и сигналите кои до нив ги испраќа македонската Влада преку својот одговор, како и за очекувањата од декемврискиот самит на ЕУ.

„Црвенковски истакнал дека доколку во декември Македонија добие датум за преговори со ЕУ, позитивниот извештај ќе ја добие својата вистинска смисла, а во спротивно Македонија ќе се најде во веќе видена ситуација. Известувачот на ЕП за Република Македонија, Ховит ги повтори своите заложби и потсети за личните напори вложени во процесот на изнаоѓање на компромисни решенија, со цел решавање на спорот со соседна Грција и со тоа конечно почнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.

– На крајот на средбата двајцата соговорници заклучија дека исходот од Самитот на ЕУ кој ќе се одржи во декември е од исклучително значење за иднината на Македонија, гледано во најширока смисла. Дека од него ќе зависат движењата, развитокот и позиционирањето на земјата како во рамки на меѓународните односи, така уште повеќе и на внатрешен, а пред се меѓуетнички и политички план, стои  во соопштението од Центарот за комуникација на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?