Црвенковски и Тачи ќе си подадат рака

Од:

На половина пат Скопје-Тетово, на бензинската пумпа „Петрол компани“, очи в очи лидерите на СДСМ и ДПА, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи.

Ќе се договараат деталите за соработка на локалните избори, следната година.

Со ова се шири опозицискиот фронт, кој има една цел, како што велат, ставање крај на погрешните политики кои се погубни за мекедонија на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Според Црвенковски, „само обединета опозиција може да стави крај на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ“. Покрај СДСМ и парламентарната и вонпарламентарната опозициска коалиција, на Груевски ќе му се спротивстават и ДПА, ЛДП, ОМ и ВМРО-НП.

Груевски и Ахмети, веднаш ја оценија соработката на Црвенковски и Тачи како непринципиелна и како коалиција од личен интерес.

Кандидатите на СДСМ или опозициските партии треба да бидат подржани во Скопје, Бутел, Центар, Карпош, гази Баба, Битола, Охрид, Битола, Ресен, Куманово и Крушево, а кандидатите на ДПА ќе бидат подржани во Тетово, Чаир, Струга, Дебар, Гостивар,Тетово, Сарај, Студеничани, Липково, Теарце, Брвеница и Желино.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО