Црвенковски и Георгиевски од „Бихаќка“ тргнаа пред Собрание

Од:

Лидерите на коалицијата Сојуз на иднината предводени Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски, во моментов се упатија кон Собранието за да им пружат поддршка на пратениците од опозицијата, кои попладнево останаа во законодавниот дом за да го спречат, како што рекоа, партиско-полицискиот пуч на власта, која вечерва на седница се обидува да најде начин како утре да го протне буџетот на пленарната седница на Собранието.

По завршувањето на итната седница на Централниот одбор на СДСМ на која присуствуваа и партнерите од коалицијата Сојуз на иднината, лидерите на опозициските партии придружени околу 500-тини граѓани и симпатизери, тргнаа кон Собранието, каде за утре е најавено присуство и на други групи за поддршка.
Се очекува дека пред Собранието ќе се обратат опозициските лидери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски